Се оформува вториот мурал на улицата „Димитар Влахов“ 

Уметникот Дејвид Стоилковски од Куманово работи на вториот мурал на потпорниот ѕид на ул. „Димитар Влахов“ во Кочани. 

Муралот претставува комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за Кочани, во кои доминираат фолклорни елементи, стилизација на оризот како специфична култура за Кочанско и препознатливи објекти од општината. Граѓани коишто минуваат покрај работилницата на отворено, го поздравуваат  новото уметничко дело. 

На стотина метри на југ, на потпорниот ѕид на истата улица веќе е завршен мурал со идентична мотивска концепција. 

Муралите се изработуваат во рамките на програмата „Петровден 2023“, со средства од Програмата за култура на Општина Кочани.

Сподели: