КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани интензивно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема. Во изминатиот период во неколку населени места поставени се клупи, канти за отпадоци, реконструкција на заштитни огради, со цел разубавување на просторот и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на сите жителите.
КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани и во наредниот период ќе продолжи со поставување на нова урбана опрема, уредување на просторот, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината.
КЈП „Водовод“ – Кочани