Десетина жители на селото Бели започнаа иницијатива за расчистување и реставрација на месноста „Кај Дабот“, во близина на селото Бели.
Деновиве се расчитува просторот на влезот на локалитетот, а иницијативниот одбор планира да ја оспособи водоводната мрежа, фонтаните како и хортикултурно уредување на просторот.
Нивната цел е да го вратат сјајот на ова излетничко место, бидејки изминативе години истото е запоставено.
Од иницијативниот одбор апелираат до сите посетители на локалитетот, да се однесуваат одговорно и да го чуваат инвентарот и хигиената на просторот.
И.Матеничарски
Фото: А.Арсов
Сподели: