Се реконструира тротоарот на улицата „Димитар Влахов“

Во тек се градежните работи за реконструкција на 170 метри од тротоарот од десната страна на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани.

Избраниот изведувач за изградба и реконструкција на тротоари во Кочани, фирмата „Панел М“ работи на фреквентниот потег кај пиљарниците во Стришани. Според службите од Одделението за уредување на градежното земјиште, на соодветната траса е извршен ископ на стариот бетон, теренот се тампонира, по што ќе бидат вградени бехатон плочки.

Од почетокот на оваа година завршена е реконструкцијата на тротоарот на улицата „Тодосија Паунов“ од  Градскиот парк до Кружниот тек, пешачка површина на која имаше тешка проодност.

За 2021 година Општина Кочани има потпишано договор со изведувачот за изградба и реконструкција на тротоари со вкупна површина од 3 500 метри квадратни. Вкупната сума што ќе биде наменета за овие градежни зафати е 2,5 милиони денари.

Сподели: