Се роди Бојана, првото новороденче во 2024 година во Кочани

Синоќа во 18:45 ч., на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани се роди првото бебе во 2024 година. Дваесет и деветгодишната Емилија Постолова од с. Пекљани, Виница роди здраво женско дете, третта рожба и прво женско во семејството Постолови.

Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,3 килограми, долго 50 сантиметри и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро. Породувањето го извршиле спец.гинеколог акушер Илчо Атанасовски, со акушерките Дивна Илиева и Даниела Поп Ѓорѓиева.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им ги традиционалните подароци им посака добро здравје и многу среќа, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето.

Воедно, градоначалникот Папазов ја искористи приликата да ја честита и првата рожба на семејството Постолови од Кочани, бебето Јаков Постолов, родено на 1 јануари во приватната болница Ре-медика во Скопје.

Во текот на 2023 год. на Гинеколошко-акушерско одделение породени се 35 бебиња. Од Општата болница со проширена дејност – Кочани најавија дека во тековната 2024 год. планирано е на одделението да се вратат гинеколози специјализанти со што ќе се подобри кадровската екипираност на болницата. Во моментот болицата располага само со еден гинеколог-акушер и осум сестри -акушерки.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: