Се самозапали 40-годишен маж во Трговскиот центар

40-годишниот Б.И од Кочани денес околу пладне се самозапали кај фонтаната во Градскиот трговски центар.

Според очевидци на настанот, лицето видно вознемирено прво се полеало со бензин, за потоа употребувајки запалка се самозапалил.

Граѓаните веднаш се обиделе да му помогнат користејки ПП-апарати од дуќаните во близина, при што успеале да го изгаснат. На местото на настанот била повикана екипа од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош.

Прва помош на лицето му е укажана во Кочанската општа болница, а поради сериозноста на повредите истото  е препратено на скопските клиники за понатамошна опсервација.

И.Матеничарски

Сподели: