Се цртаат нови мурали на потпорниот ѕид кај Атомските згради

Неделава, неколкумина ликовни уметници изработуваат мурали на потпорниот ѕид кај Атомските згради во Кочани, на булеварот „Тодосија Паунов“.

Оваа активност е една од повеќето планирани во Програмата за култура, со кои се дава акцент на урбаната односно уличната уметност. Идејата е сивите и празни ѕидови да добијат уметничка, естетска димензија и да пренесат пораки на авторите.

Во оваа етапа се вклучени уметниците Викторија Митева, Катерина Соколова, Орхан Ќамилов, Иван Шапков, Давид Јосифов, Павел Николов, Томислав Јовановски, Давид Лазаров и Борче Ангелов од Кочани, и Младен Трендевски, Леонард Благојевиќ и Дејвид Стоилковски од Куманово.

Едновремено ќе се работи на идентификација на нови локации за вакви уметнички дела.

Сподели: