Стандардниот првотимец на ГФК „Осогово“, Силвио Ангеловски го напушти клубот и се пресели во редовите „Тетекс“ од Тетово.
25-годишниот Ангеловски, кој настапува во дефанзивата, минатата полусезона ја мина во Кочани каде го носеше дресот на „Осогово“. Но, откако си замина од клубот, веднаш најде ангажман и ќе игра во Тетово.
Во минатото Ангеловски настапуваше и за „Еуромилк“, „Кожуф“, „Македонија ЃП“и „Борец“, а исто така беше дел и од аматерската фудбалска репрезентација на Македонија.