Силниот ветар што од попладнево дува во Кочани дополнително расниша столб за улично осветлување на влезот на Детската градинка “Павлина Велјанова” (Руенска градинка) во Кочани при што постои опасност истиот да падне.
-Пријавено е уште во 14 ч. се уште никој не реагира, коментираат граѓани на социјалните мрежи.
Апел до надлежните да се реагира поскоро за да не дојде до паѓање на столбот и несакани повреди на граѓани или оштетување на возила, со оглед дека се наоѓа на влез на детска градинка и фреквентна улица.