Македонскиот пијанист Симон Трпчески го посети Основното музичко училиште„Ристо Јуруков“ во Кочани.
Уметникот со светско реноме оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев,раководството на училиштето, колективот и учениците и се запозна со актуелнатасостојба и работа на оваа образовна институција.
– Присуство на Трпчески во Кочани го искористивме да го запознаеме сореализираната децениска идеја за ново пијано, со кое ќе одговориме на потребите накултурните настани во нашата општина и на Музичкото училиште – соопшти Илијев.
Трпчевски истакна дека Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е извориште напрофесионални музичари, меѓу кои дел од нив се негови колеги и соработници.Поздравувајќи ја набавката на новото полуконцертно пијано потенцираше дека тоапретставува одличен влог во културата и образованието.
Кратката изведба на Трпчески на преработени македонски мотиви на пијано бешедочекана со аплаузи од присутните.