Синадинов: Решавање на проблемот со Градскиот пазар и паркинг просторот во Кочани

Почитувани сограѓани,

Советниците од листата ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ ќе направат се да понудат проекти и решенија со кои од Кочани ке направиме подобро место за живеење.

Ги следиме реакциите на граѓаните за проблемот со градскиот пазар. Просторот што го нарекуваме градски пазар не ги исполнува ни најосновните услови за продажба на прехрамбени и други производи. Се продава во лоши и нехигиенски услови со што се доведува во опасност и здравјето на граѓаните. Несоодветно поставените тезги го спречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Советниците од листата Одлучно за промени ке се залагаат за трајно решавање на овој проблем и претворање на Градскиот пазар во пристојно место и за купувачите и за продавачите.

Узурпираните јавни површини со паркирани возила ќе ги ослободиме и едната коловозна лента од сообраќајниците која постојано е зафатена со паркирани возила ке ја пренамениме во велосипедска патека. Местото за паркирање на возилата е во гаражите и на паркинзите за кои постојат голем број на неискористени слободни површини и во централното градско подрачје.

Почитувани сограѓани.Доколку го прифакате нашиот концепт Ве повикуваме во недела на 17 октомври да го заокружите бројот 2 од листата на советници за општина Кочани.

Јордан Синадинов, кандидат за советник од движењето „Одлучно за промени“, ЛДП и ДОМ

Сподели: