Сите се чувствуваме добро – со почитување на мерките ќе ја победиме заразата –повика директорката на кочанската детска градинка

Директорката на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, Едита Миткова е една од деветте вработени чиј резултат е позитивен на тестот за коронавирус.

Сооченасо грижата за личното, здравјето на своите колеги, семејството и за колективното здравје, истакна дека нема никакви симптоми на Ковид-19, исто како и сите останати колеги чии резултати се позитивни.

– Се чувствувам добро, немам никакви симптоми и сакам да истакнам дека од моја страна досега максимално ги почитував сите мерки за заштита – носење заштитна маска, ракавици, социјална дистанца. Во овој период имав контакти само со најблиските во семејството. Од вработените кои се именувани како позитивни, сите се во добра здравствена состојба и се без симптоми. Им посакувам добро здравје иследниот тест да биде негативен – изјави Миткова.

Директорката додаде дека во рамките на подготовките за отворање на градинките,претходниот период вработените биле повикувани наизменично, во мали групи.

– Се работеше со насоки од моја страна за почитување на мерките и носење на заштитна опрема за уредување на просторот според протоколите, бидејќи сме свесни запотребата од отворање на градинките. Ги почитувавме сите насоки донесени од Комисијата за заразни болести. За вработените во градинката при работата сеобезбедени дезинфекциски средства и заштитна опрема – изјави директорката на кочанската градинка.

Миткова истакна дека овој скрининг докажа дека мора сериозно да се пристапува кон мерките за заштита и повика совесно и многу одговорно да се внимава на здравјето.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial