Скалите во близина на црковниот храм се во распаѓање – граѓани бараат нивна обнова

Скалите во близина на црковниот храм „Св. Вмч. Георгиј“ се во фаза на распаѓање, а граѓани до интернет – порталот „Гласно“ испратија реакција до надлежните за нивно побрзо санирање и обновување.

Станува збор за скалите кои ги поврзуваат улиците „Кирил и Методиј“ и „Илинденска“ кои секојдненво се користат од граѓаните од овој дел на градот како скратен пат за да стигнат до центарот на градот Кочани.

– Скалите во близина на црковниот храм се во состојба на распаѓање. Летно време се враснати во вегетација, додека зимно време поради тоа што од врнежите се задржува вода на нив, честопати замрзнуваат и претставуваат опасност. Целиот простор е затрупан од ѓубре и смет и никој не води грижа за тоа. Бараме овие скали кои ги користат многу сограѓани како скратен пат, пешки да стигнат до центарот на градот да бидат првенствено исчистени од смет, а по можност и да се обноват– реагираа граѓани до интернет – порталот „Гласно“.

Сподели: