Патеката за скијање на СРЦ Пониква ќе биде отворена за посетители и покрај оперативно тактичката вежба на Министерството за внатрешни работи на Пониква.
Граѓаните може да ги паркираат автомобилите на паркиралиштето кај „Аеродромот“ при што посетителите пешки ќе можат да стигнат до ски патеката.
Претходно, Министерството за внатрешни работи најави тактичка вежба на Пониква поради што во прекин е сообраќајот на дел од патниот правец, од „Аеродромот“ до паркиралиштето на СРЦ Пониква.
Ски патеката на Пониква отворена за скијање
