Вчера (08.07.2021год.) СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани склучи меморандум за соработка со научно истражувачката и високообразовна установа- Земјоделски Институт- Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
Со склучувањето на меморандумот за соработка и официјално се верификува долгорочната иницијатива за соработка помеѓу СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и Земјоделскиот Институт – Скопје. Како основна и значајна цел на меморандумот за соработка е тоа што учениците од новоакредитираната ученичка струка Хемија и технологија, поонкретно образовниот профил хемиски лабораториски техничар да ја изврашуваат својата практична нстава (како концепт од дуалното образование) во Регионалнит Институт за ориз во Кочани, кој работи и функционира во склоп на Земјоделски Институт- Скопје.Исто така, со овој меморандум за соработка се отвораат и иницијативи за стратегиски партнерства за развојни, истражувачки и образовни цели.
Потписници на меморандумот помеѓу двете институции беа Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и
Проф. д-р Виктор Ѓамовски, директор на Земјоделски Институт – Скопје.
СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани