Административците од Општина Чешиново-Облешево ќе работат со скратено работно време, во период од 08:00 до 13:00 часот.
Од Општината информираат дека се додека се на сила Владините мерки за заштита од пандемијата со коронавирусот ќе се работат само неодложни предмети. Оттаму ги повикуваат граѓаните за комуникација да ги користат телефонскиот број 033/2351-770 или е-маил адресата info@cesinovo-oblesevo.gov.mk.
Исто така упатија апел до жителте на Општината да ги почитуваат и применуваат препораките на Владата за заштита од заразната болест.
И.Матеничарски