Скромно и достоинствено одбележан патрониот празник на ОУ„Никола Карев“ Кочани

Скромно и без поголеми свечености, со положување свежо цвеќе пред споменикот на револуционерот Никола Карев во Паркот на револуцијата , делегација од училиштето на чело со директорката Билјана Петрова, одадоа почит на патронот Никола Карев, чие име го носи кочанското основно училиште.

-„Денес празнуваме 115 години од смртта на македонскиот  револуционер Никола Карев или патронот на нашето  училиште. Но поради ситуацијата ќе нема посебни манифестации како претходните години и да се надеваме дека сето ова ќе го надминеме и ќе дојдат поубави времиња. Денес како училиште немаме посебни активности, освен положување на цвеќе во Градскиот парк.“ – рече Билјана Петрова, директор на ОУ„Никола Карев“ Кочани.

Во чест на одбележување на 115-годишнината од смртта на Никола Карев, делегација на Општина Кочани и Советот ќе положат свежо цвеќе на споменикот на револуционерот кај селото Тркање, и на местото на загинување, во месноста Свиланово кај Рајчани.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: