Екипата на ГФК „Осогово“ во новата сезона ќе биде посилна за уште едно ново име.
Во „жолто-синиот“ дрес по две сезони пауза повторно ќе го гледаме Слаѓан Митевски кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на прволигашот „Силекс“.
Станува збор за искусен, 29-годишен фудбалер за врска кој по вторпат ќе го облече дресот на „Осогово“. За потсетување во 2018 година, шест месеци исто така беше позајмен во нашите редови.
Кога сме кај Митевски да кажеме дека во својата кариера освен за „Силекс“ има играно и за „Кожуф“ и за „Кит Го“.
Како што е познато, претходно ГФК „Осогово“ се засили со Илија Дачески од „Лабуништа“ и Димитар Иванов од „Пелистер“.