Сливната решетка на „Страшо Ербапче“ не издржа ниту еден ден

Сливната решетка за атмосферска вода на улицата „Страшо Ербапче“ не издржа ниту еден ден, по санацијата која ја извршија дежурните екипи на КЈП „Водовод“ на првиот ден од Новата 2022 година.

Жителите на околните куќи кои живеат на „Страшо Ербапче“ каде се наоѓа проблематичната сливна решетка, реагираат дека истата повеќе од пет пати се поправа, но по само неколку дена решетката повторно пропаѓа.

Последниот случај е во саботата, на 1 јануари кога службите рано изутрината ја санираа решетката за веќе утредента истата повторно да пропадне.

Освен што прави постојана бучава кога поминувааат возилата, возачите што често ја го користат оваа улица реагираат дека од решетката честопати ги оштетуваат автомобилските гуми на возилата, а неретко и подвозјето на автомобилот.

Жителите на улицата апелираат до локалната самоуправа на Кочани и КЈП „Водовод“ сливната решетка да се промени целосно и да се стави нова, од помасивно железо која е поиздржлива и квалитетна.

И. Матеничарски

Сподели: