Службата за имунизација при кочанската болница на теренска кампања за важноста на навремената имунизација

По повод европска недела на имунизацијата екипа од службата за имунизација при Општа болница со проширена дејност- Кочани излезе на терен во паркот отворено да разговара со родителите на децата и да ги реши сите дилеми во врска со имунизацијата.

Вакцините спасуваат животи и здравјето на идните генерации зависи токму од вакцините. Со навремена имунизација го штитите вашето дете од заразни болести од опасни бактерии и вируси кои не опкружуваат насекаде. Не можеме да ги уништиме вирусите и бактериите, но можеме да се имунизираме и да се заштититеме, соопштија од кочанската Општа болница.

Сподели: