Соопштение:
На 27.10.2022 година во 16 часот во ресторант Але-Дар Кочани членовите на Здружението на сметководители – Кочани одржаа состанок na koj главна тема беа цените за сметководствените услуги.
Сметководителите едногласно се сложија дека треба да ги усогласат цените на сметководствените услуги со индексот на зголемување на трошоците за живот.
Според последните соопштенија на Државниот завод за статистика индексот на трошоците на живот во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи зголемување од 18.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14.7%.
Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата.
Втора точка на дневниот ред беше утврдување на минимална цена за сметководствени услуги кај микро фирми.
Од Здружение на сметководители – Кочани