Снежна покривка од 10 – тина сантиметри се формираше во Кочани по врнежите од снег што синоќа и утрово го заафтија Кочани и регионот.
Главните сообраќајници во градот од утрово се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци од кашест снег на улиците. Поради тоа се препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата.
Од ЈП „Македонија пат“ секција Кочани информираат дека моментално патниот правец кон СРЦ „Пониква“ е прооден, наместа со снег на коловозот.