Градот Кочани денеска беше домаќин на мобилниот парламентарен караван „Собрание за граѓаните“ како дел од активностите на Собранието на Република Македонија за зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Во Паркот на револуцијата во Кочани, граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со работењето на парламентот преку директни разговори со пратениците од Кочани, Марија Ангелова и Миле Лефков.
„Целта на караванот е да се стекнат знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, како и да се сретнат со пратениците од општината“ – истакнаа организаторите.
Караванот на Собранието го посетија ученици од основните и средни училишта од општината.
Кампањата „Собрание за граѓаните“ се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, 10-годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во РепубликаМакедонија.
„Програмата за парламентарна поддршка“ се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).
Фото: A. Арсов