Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска се спроведе редовната септемвриска крводарителска акција.
На акцијата се собраа 25 крвни единици, а истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип.
За текот на акцијата изјава за медиумите даде Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани
-Ова е редовна акција која се спроведува според годишниот план за крводарителски акции на Општинската организација. Сакам да изразам голема благодарност на сите крводарители кои одвоија дел од своето време и даруваа крв. Се почитуваат сите протоколи за спроведување на акцијата, се мери телесна температура, се одржува дистанца како што е планирано акцијата се одвива нормално, истакна Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвен крст Кочани.
И.Матеничарски