August 13, 2020

Собрани 26 крвни единици на јулската крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Во организација на ОО Црвен крст Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната јулска крводарителска акција.

На акцијата крв даруваа 26 крводарители.

Во знак на благодарност на крводарителите им беа подарени брендирани маици обезбедени со поддршка од Општина Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во просториите на Службата за трансфузиона медицина Кочани или секој последен четврток од месецот во просториите на Црвен крст.

А.Арсов