Собрана 31 крвнa единици на ноемвриската крводарителска акција во Црвен крст – Кочани

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената ноемвриска крводарителска акција.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 31 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

За текот на акцијата  изјава за медиумите даде Анета Коцева, секретар на Црвен крст – Кочани.

-Ова е планирана акција за месец ноември и овие акции се редовни секој последен четврток од месецот. Акцијата започна во 8:30  до 14 часот. Акцијата се спроведува заедно со Институтот за транфузиона медица Скопје. До крајот на годината се планирани уште три крводарителски акции,  две во средните училишта во Кочани, како и уште една редовна акција на крајот од месецот во Црвен крст Кочани, изјави Коцева.

Воедно, граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: