Собрани 32 крвни единици на априлската крводарителска акција во Црвен крст – Кочани

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената априлска крводарителска акција.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 32 дарители и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

За текот на акцијата  изјава за медиумите даде Анета Коцева, секретар на Црвен крст – Кочани.

-Крводарителската акција е редовна акција и се организира секој последен четврток во месецот. Сакам да изразам голема благодарност до сите дарители кои денес даруваа крв. Крвта е многу важна во спасувањето на човечки животи и секако со чинот на дарување крв граѓаните ја покажуваат својата хуманост и несебичност, истакна Коцева.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: А. Аров

Сподели: