Собрани 34 крвни единици на јулската акција за дарување на крв

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената јулска акција за доброволно дарување на крв.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 34 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

– Акцијата е тринаесета крводарителска акција што се спроведува во календарската година, а воедно е седма што се реализира во просториите на Црвениот крст во Кочани. Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузона медицина во болницата во Кочани. Како организатори на акцијата упатуваме благодарност до сите крводарители кои денеска даруваа крв – истакнаа од Црвениот крст.

Воедно, оттаму најавија дека за в сабота, 30 јули во просториите на Локалната самоуправа на Општина Зрновци ќе се реализира крводарителска акција за жителите на Зрновци во пресрет на празникот Илинден. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 10 до 13 ч.

И. Матеничарски

Сподели: