Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената февруарска крводарителска акција.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 38 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Крводарителската акција е втора по ред годинава што се спроведува во просториите на Црвен крст – Кочани, а планирани се вкупно 12 акции, односно секој месец од годината по една.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов