Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената декемвриска крводарителска акција што воедно е и последна за календарската година.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 39 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Од Црвен крст – Кочани најавија дека за следната година веќе е планирани редовните крводарителски акции при што ја искористија приликата да се заблагодарат на сите крводарители кои несебично даруваа крв во 2021 година.
Воедно, граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов