Собрани 42 единици крв на крводарителската акцијата во Црвен крст Кочани

42 крвни единици се собрани на ноемвриската крводарителска акција организирана од  кочанскиот Црвен крст.

Акцијата се спроведе со  поддршка на Институтот за трансфузиона медицина Штип  денес во просториите на Црвен крст Кочани.

Граѓаните имаат можност да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој четврток во  Службата за трансфузиона медицина при Општа болница Кочани.

Сподели: