ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Кочани денес прими донација , Дефибрилатор за реанимација на пациент за враќање на срцева акција, од страна на членот на Советот на Општина Кочани, Благој Ситновски.
Донацијата ја прими директорот на Општа болница Кочани, Д-р Александар Серафимов, заедно со Д-р Томе Солевски – Специјалист по општа хирургија.
Директорот Серафимов искажа голема благодарност за донацијата на Благој Ситновски, која како што истакна, рационално ќе биде искористена во ова време кога секој апарат е од големо значење за институцијата.
И.Матеничарски
Фото: Комарец