Советничка група на ВМРО – ДПМНЕ Кочани – Соопштение

Соопштение

Почитувани сограѓани,
Почитувани медиуми

Во време на енергетска криза кога доспеваат астрономски суми за сметки за електрична енергија, на домаќинствата, стопанството и јавните претпријатија, секој заштеден денар е од посебна важност за нормално функционирање на комуналното претпријатие.

Претходниот инкриминиран естаблишмент во КЈП Водовод очигледно се водел од личен интерес за полнење на нечии џепови, за разлика од граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај.

Претходниот директор Андреј Киров склучил штетни договори за осигурување на имотот на КЈП Водовод во 2019-та година, 2020-та и 2021-ва година.Вкупната сума за овие три години што ги исплаќа јавното претпријатие на осигурителни компании е 6 426 314 денари со ДДВ.Од овие пари за непродуктивни расходи намери за провизии на осигурителни брокерски друштва се исплатени 1 285 263 денари.

Се поставува прашањето:
Зошто директорот Андреј Киров во четири очи склучувал договори за дополнително осигурителни брокерски услуги?
Зарем КЈП Водовод нема стручен и професионален кадар за оваа тендерска постапка да ја спроведе самостојно?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакво понижување на граѓаните и има план тоа да го спречува и во иднина.

Ги повикуваме сите советници во Совет на општина Кочани да ја подржат оваа наша иницијатива на следната седница на 31.08.2022г.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Сподели: