Советот на Општина Кочани ја оддржа втората седница, усвоен ребалансот на буџетот за 2021

Советот на Општина Кочани ја одржа втората редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа 17 точки за расправа.

Советниците ги разгледуваа предлог-програмите за работа на локалната самоуправа по одделни  дејности за наредната година како и предлозите за измена на програмите што се однесуваат за тековната година. На дневен ред се најде и  точката за ребаланс на буџетот, односно  за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година.

Советниците ги усвоија предлог-програмата за уредување на градежно земјиште, за изградба и одржување на фекална и атмосферска канализација, изградба на систем за водоснабдување, предлог-програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште и за јавно освлетување.  

Советниците донесоа одлука за предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2022 година, изградба и реконструкција на речното корито на Кочанска река за 2022, програма за развој на Кочани за период 2022-2024 и уредување на градежно земјиште за 2021 година. Предлог-програмата за изменување на програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општината, за изградба и реконструкција на коритото на Кочанска Река за 2021 година, активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој за 2021 година и планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021-2023.

Советниците го донесоа и ребаланосот на буџетот на Општина Кочани за 2021 година.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: