Советот на Општина Кочани ја одржа четвртата седница

На 22 декември, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ја одржа четвртата редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа 32 точки.

Советот ги усвои критериумите за распределба на блок-дотации и предлог-финансиските планови на општинските основни и средни училишта за 2022 година; Предлог-финансискиот план на Библиотеката „Искра“; Предлог-локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите; Предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување; Предлог-планот за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023; предлог-програмите за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести; за спорт; за млади; за култура; за поддршка на образованието и за остварување на социјална, детска и здравствена заштита 2022 година.

Поради извесни забелешки или потреба од  и дополнувања, Советот не ги изгласа: Предлог-финансискиот план за 2022 година на Детската градинка „Павлина Велјанова“; предлог-програмите за комуникација; за изработката на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација; за управување со отпад; за заштита на животната средина; за информатичка и комуникациска технологија;  предлог-програмите за активностите од областа на локалниот економски развој и за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Кочани.

Советот ги прифати и ги донесе и предлог-програмата за јавна чистота; за уредување и одржување на градското зеленило, набавка, поставување и одржување на урбана пограма, одржување детски игралишта и на фонтаната ,,Зрно“; Предлог-програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња; за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за наредната година; за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација; за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2021/2022 година; Предлог-програмата за сообраќај, како и за  работа на Советот на Општина Кочани.

Советот ја усвои предлог-одлуката за усвојување на ЛОД-методологијата, односно група документи и алатки за транспарентно финансирање на проекти на Граѓански организации во рамките на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLOaD2) и даде согласност за примање на донација  во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP, со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.

Петтата и последна седница за тековната година, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи на 29 декември 2021 година, на чиј дневен ред ќе се најде предлог-буџетот на Општина Кочани за 2022 година.

Сподели: