Советот на Општина Кочани, денеска ја одржа 35. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа 32 точки. Членовите на Советот ги прифатија информациите за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2019 година; за водоснабдувањето и здравствената исправност и квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод и другите водоснабдителни објекти во општината;за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани. Тие го усвоија и Извештајот за извршување на Буџетот за четвртиот квартал за 2019 година.
– Во четвртиот квартал, односно вопериодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година,даночните приходи се со извршување од над 100 проценти во однос на планираното и во однос на 2018 година, даночното извршување е зголемено за 15 проценти.Неданочните приходи се со извршување во однос на планираните приходи од 90 проценти, а во однос на четвртиот квартал во 2018 година имаме зголемување од 27 проценти.Капиталните приходисе со извршување од 97 проценти во однос на планираното или 100-процентно зголемување на капиталните приходи во однос на 2018 година.Ставка со најголемо зголемување во однос на 2018 година е продажбата на неизградено градежно земјиште.Вкупниот основен буџет, од планираните 229 милиони е со извршување од 188 милиони 697 илјади денари што е 82 проценти од планираното – образложи на седницата Дејан Рашков, раководител на Секторот за финансирање во Општина Кочани.
Советот на Општина Кочани ја усвои и одлуката за намалување од 20 проценти нависината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани, до крајот на тековната година.