Сообраќајна незгода на патот кон месноста „Кај Дабот“ во село Бели

На 09.09.2020 во 07.34 часот било пријавено дека на локалниот пат во Кочани, место викано Дабо-с.Бели,патничко возило „фиат пунто“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.М.(40) од Кочани, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.Т.(25) од Кочани констатирани во Општата болница Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Извор:Дневен билте МВР

Сподели: