September 28, 2020

Сообраќајна незгода кај Тркање, еден тешко повреден

На 11.09.2020 во 17,58 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано ,,ливатски пат“, атар на с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Г.(32) од с.Спанчево и товарно моторно возило ,,фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Н.С.(26) од с.Спанчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило З.С.(39) констатирани во ЈЗУ-Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Извор: Дневен билтен на МВР