Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

vmrostab

Почитувани,
Деновиве до нас пристигнаа голем број на поплаки од граѓани кои се корисници на тезги во градскиот пазар.

Истите биле уценувани од страна на лица од СДС да го дадат својот глас на изборите за владејачката политичка партија или во спротивно нема да и се дозволи повеќе да ги користат тезгите.

Како политичка партија најостро ги осудуваме ваквите незаконски дејствија од страна на СДС а на извршителите на овие кривични дела им порачуваме дека после 15ти Јули по промената на власта ќе сносат одговорност пред правосудните органи.

Воедно ги охрабруваме уценуваните граѓани да не подлегнуваат на притисоците на Власта и своето загарантирано демократско право на глас на изборите да го остварат слободно и по сопствено убедување.

После големата победа на 15- ти, оние кои уценуваат ќе одговараат и нема да се дозволи никој повеќе да го уценува обичниот човек.

На 15-ти да излеземе масовно и да ја дадеме подршката за листата со број 14 предводена од Игор Јанушев, за да си го вратиме достоинството!
Исправи се Македонијо !

Со почит,
ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial