Соопштение на ОО на СДСМ – Кочани: Факти за браната Речани со слики и документи

Почитувани,

ДПМНЕ упорно се обидува да ја лаже јавноста, китејќисе со „дела“ од кои треба да се срами.


Тврдат дека браната Речани започна да се гради додека тие биле на власт. Бидејќи целосно не ги сфатија нашите аргументи што им ги доставивме како соопштение, приложуваме слики и документи за Речани.
ДПМНЕ вели дека изготвиле елаборат за експропријација, пробивање и асфалтирање на пристапен пат во должина од 6 км, и тоа со потпорни ѕидови содолжина од скоро 1 км.


Од фотографиите може да се види како изгледа патот до браната Речани што го изгради ДПМНЕ.

ДПМНЕ вели дека со доаѓањето на власт на СДСМ, градењето било стопирано.
Одобрението за градење од 19.12.2018 г. е потпишано од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Почитувани граѓани,

ДПМНЕ бара обнова на режимот, на криминалот и корупцијата.

Што подалеку се од државната каса, толку повеќе ќе има за граѓаните!
СДСМ покажа грижа за граѓаните. Затоа на 15 јули, изберете го бројот 3.

Можеме уште повеќе, уште подобро!

ОО на СДСМ – Кочани

Сподели: