Соопштение на ОО на СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,

Кризата предизвикана од пандемијата со корона, не ги попречи капиталните инвестиции.

Спротивно на тоа, капиталните проекти продолжија и тоа со забразана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. На овој начин ѝ помагаме на економијата во многу важен период.

Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта. Наследивме фрлани пари на граѓани во дупки без дно.

Ние имаме спротивен пристап. Европски пристап. Инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктурата. Инвестираме во иднината и во самоодржливоста. Инвестираме во зелената инфраструктура и ги менуваме застарените и дотраени објекти со нови кои овозможуваат подобри перформанси.

Ги развиваме спортско-рекреативните капацитети за да овозможиме простор за нови навики на нашите граѓани.

На Пониква, на Осоговските Планини, во тек е реконструкцијата на една од старите воени згради наменетa за планинарски дом, како дел од проектот „Планински велосипедски рај“. Овој проект опфаќа и изградба на патеки за планински велосипедизам во вкупна должина од 35 км, на релацијата Пониква – Брана Гратче – Кочани.

Со овој проект се проширува туристичкиот потенцијал, се подобрува актуелната туристичка понуда со посебен акцент на планинарството, планинскиот велосипедизам. Кочани и Осоговските Планини го заслужуваат тоа бидејќи поседуваат одлични услови за авантуристички туризам и се чест избор за организирање на велофестивали и слични други настани.

Овој проект, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија е еден од низата инфраструктурни инвестиции кои се реализираат на територија на Општина Кочани.

Продолжуваме понатаму!

Заедно можеме уште повеќе, уште подобро!

Ви благодарам,

Марија Ангелова, секретар на ОО СДСМ Кочани

Сподели: