Почитувани сограѓани,
Со ситуацијата во која се наоѓаме – иако не е за потценување, македонското здравство има капацитет да се справи со неа.
Болниците се празни, според последните информации има само мал број нови пријавени за болничко лекување.
Тоа значи дека новозаболените се или без симптоми или со многу лесни симптоми, појава што ја имаме и во други земји, особено Италија.
Сè зависи од нас – или да се враќаме назад и повторно да живееме со рестриктивни мерки, со карантини и полициски часови, или сите целосно да се посветиме напочитување на мерките – да носиме маска секогаш кога треба, да држиме физичка дистанца, да не се групираме.
Сите овие поголеми бројки на кои сведочиме деновиве се директна последица нанеколку фактори.
Прво – од неработењето и саботирањето на мерките од страна на Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата, Чулев јавно изјави дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките и задолженијата.
Второ – како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми. Тоа значи дека се тестираво точно утврдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.
Она што е добро е што кластерите се семејни и дека тие кластери се под контрола.Сите ние треба да знаеме дека нови случаи ќе има и понатаму, и сега, и среде лето, и наесен, но важно е тие да бидат што помалку, за да не се оптовари здравствениот систем.
Институциите прават проценки и ќе дадат нови насоки како да се однесуваме. СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец.
Така и ќе продолжиме.Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција.СДСМ како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец.
Заедно можеме повеќе и само заедно можеме да успееме!
ОО СДСМ Кочани