Соопштение на ОО СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани,
Почитуван Миле Лефков,


Тоалетите целосно ги реновираше Министерството за образование и наука во Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев,  – нивната реконструкција не е од блок дотации, а најмалце од сопствени приходи на професорите.

Зошто да се откажуваат од сопствениот приход – треба вие да одговорете. И во случај да има средства, како што велите и биле за таа цел наменети – зошто не се потрошени во реновирање?


Колку сте чесен и праведен во тој дел зборува фактот што го ангажиравте токму сопствениот брат да застапува правен предмет во суд во име на училиштето.


Сликите за кои зборувате, кои ги поврзувате со општината, се истите оние слики кои беа доставени и до ТВ Канал 5 во контактната емисија сè со цел да се оцрни владеењето на локалната власт и училиштето. Прашањето е – зошто сега не ги сликате тоалетите?

Видлива е разликата и тоа само за неполни 3 години, наспроти вашите 15.
“Учениците чекале со саати за превоз.” Лефков,  во Ваше време – кога превозот беше со астрономски цени – по завршување на часовите, веднаш ли ги транспортиравте учениците?

Ако се лажете самите себе, не е во ред да ги лажете граѓаните. Грабежот од превозот со кој буквално украдовте од секој родител – е непростлив.
Прозорците кои ги променивте и за чие свечено пуштање дојде и тогашниот премиер Груевски – дали дихтуваат?
Прашајте ги учениците, вработените и останатиот персонал.


Се гледа дека сте силни само на зборови. Затоа упорно повикувате на дебата.Повикувавте и да се откажете од сопствената плата со барање за неплатено отсуство!

Го направивте тоа, или уште една манипулација пред јавноста? Најдобро е да си ги зачувате зборовите за во собраниската сала, а пред нас, граѓаните, очекуваме да демострирате ДЕЛА. Пратениците треба да ги слушнат проблемите на сите, да работат за доброто на секој – а не да стануваат медиумски личности.


Глумење – во театар, не пред граѓаните!!!
Ние знаеме по кој пат се движиме, а јавноста тоа го гледа и ќе ја даде поддршката за коалицијата Можеме на 15 јули!


ОО СДСМ Кочани

Сподели: