Почитувани,
Реализирањето на проектите од страна на локалната и централната власт предводени од СДСМ се во интерес на сите граѓани и истото продолжува понатаму.
Деновиве заврши реконструкцијата на улицата „Плачковица“. Оваа улица е една од седумте улици планирани за реконструкција во градот кои се дел од Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година.
Домаќинствата од овој реон секојдневно се соочуваа со недоволен притисок и недостиг на вода. За конечно да се надмине тој проблем, пред реконструкција на улицата, се изврши замена на водоводната мрежа во должина од 300 метри и замена на старите цевки со нови.
Во план е и реконструкција на улицата „Гошо Викентиев“ каде исто така ќе се започне со реконструкција на водоводната мрежа, изградба на атмосферска канализација и ќе се изврши асфалтирање од местото викано Колор до улицата „Теодосија Паунов“.
Со градежни работи за реконструкција се опфатени и два крака на улицата „Маршал Тито“, „Илинденска“ и „9 Мај“, а неодамна заврши асфалтирањето на улиците „Коста Рацин“ и „Четврта македонска бригада“.
На улицата „9 Мај“ се предвидува санација на испуканиот дел и целосна реконструкција на останатиот дел од улицата.
Она што им го ветивме на граѓаните – тоа и го остваруваме. Вложуваме во обезбедувањето на квалитетна инфраструктура за сите наши сограѓани, во секој дел од градот.
Со почит,
ОО СДСМ Кочани