Соопштение на ОО СДСМ Кочани

Градиме по план, стратегиски реализираме капитални проекти


Почитувани сограѓани,

На последната прес-конференција на ДПМНЕ од 4 јули 2020 година, професорот кој не умее да менаџира буџет на училиште, зборува за брана! Очигледно, менторот си ја нарачал омилената тема, проектот за браната Речани, по кој очајнички крикнува: Да останеа на власт Речани ќе им беше рудник, неисцрпен рудник од кој ќе продолжеа да ги билдаат личните сметки. А граѓаните ќе ги замајуваат дека не виделе ни 5.000 евра!


По строг урнек, дпмнеовци само планираа како да профитираат за себе.
Така планираа и брана Речани, која никогаш не ја почнаа. Тоа што го градеа беше без потребна документација, градеа на диво, без дозвола, правеа експропријација и на крајот за ништо не платија. Но, народот ги казни, па уште не можат да се помират со тоа!


Разликата е во тоа што сега се гради и се плаќа. 2018 е завршена експропријацијата. Во јануари 2019 е издадена дозвола за градба. Во мај 2019 година е изработен динамичниот план. Во септември 2019 година фирмата изведувач е воведена во работа.


Овој микрорегион ќе добие уште поквалитетно водоснабдување и наводнување, кое, за среќа не почнува со вас, Миле Лефков, туку било конципирано уште во шеесеттите години, како Хидросистем „Оризарска Река“.


Се фалите со пат што сте го изградиле пред неколку години. Но, не сте биле таму да видите дека веќе тој пат на едно место е сериозно распукнат и на десетина места потрупан со одрони. Така градите вие! Вие сте пример за себично, расипничко владеење и луксузирање со парите на граѓаните.


Да не беа Зоран Заев и Љупчо Николовски, уште ќе крадевте од средствата за браната! Таква обнова на Македонија барате, да ги користите парите на граѓаните за лични цели!


Владата на Зоран Заев и министерството за земјоделство со Љупчо Николовски овозможија браната Речани да биде легален објект, со целокупна документација, а не дивоградба, објект без основен инфраструктурен проект, како што тргнавте да ја правите.
Владата на СДСМ трошеше време за комплетирање на документацијата и на градежни дозволи, тоа што требало да биде готово пред да се излезе на терен. Но тоа е  стилот на вашето владеење. За вас се најважни парите од кои можете лично да се офајдите. Зарем за вас, не беше примарно да се склучат договори за превоз на ученици по цени пет пати поголеми од другите?!

Мотото и сега ви е исто: Повеќе за секого како вас!
Народот памети и прави разлика.
Ние градиме по план! Ќе продолжиме да решаваме клучни прашања и да реализираме капитални проекти меѓу кои е и браната Речани!
Можеме уште повеќе, можеме уште подобро!


Бројот 3 на овие предвремени парламентарни избори е можноста за напредок!

ОО на СДСМ – Кочани

Сподели: