Почитувани,
Поради јавноста би сакале да Ве информираме за наводно „скандалозниот оглас во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани (ЈЗУ ОБПД Кочани)“.
Не навлегувам кон лични квалификации, Ви го цитирам Законот за здравствена заштита во Член 161. Став 1:
„Работодавниот орган на здравствената установа, врз основа на ранг-листа предложена од комисијата за селекција со најмалку тројца кандидати, доколку има повеќе од тројца кандидати кои ги исполнуваат условите спроведува интервју и, донесува одлука за избор на кандидат“.
Инаку да Ве информирам дека флоскулата „Директорот не беше достапен“ не Ви е издржана бидејки на 17.12.2022 година на службениот телефон на Директорот и официјалната електронска адреса на ЈЗУ ОБПД Кочани нема ниту еден повик или порака.
19.12.2022 год.
Со почит,
Директор
Д-р. Александар Серафимов
