Соопштение на Џудо клубот „Гладијатор“ Кочани

ПОЧИТУВАНИ Спортисти,родители,членови и судии на ЏУДО КЛУБ ГЛАДИЈАТОР-КОЧАНИ

Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме ние и нашата држава Ве известуваме дека има официјален допис од светската џудо федерација(ИЏФ),дека со активности ќе се продолжи од септември месец.За таа цел ние како клуб должни сме да ве известиме за оваа ситуација .

Џудо клубот ГЛАДИЈАТОР паралелно ги следи и известувањата од институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и сметаме дека е апсурдно враќањето во спортските објекти во скоро време.Со жалење мораме да ја прогласиме полугодишната сезона за затворенаи завршена.Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од Ваша страна.

Џудо клубот ГЛАДИЈАТОР ВЕ известува дека со тренинзи ќе продолжиме со почетокот на учебната година поточно 1ви септември 2020 год. во добро познатите термини со полна пареа. ЏУДО КЛУБОТ ГЛАДИЈАТОР-КОЧАНИ на сите свои членови подржувачи членови на управата судиите и сите љубители на ЏУДО спортот ви посакува убав летен распуст добро здравје и желба за здравје и чувајте се од новата чума на 21 век чумата наречена КОВИД-19 (КОРОНА).

СО ПОЧИТ ТРЕНЕР ДРАГАН ШЕЌЕРОСКИ 3 ДАН

Сподели: