Членовите на иницијативниот одбор на пензионерите од Кочани, незадоволни од ниските пензии, денеска одржаа состанок, на кој се договорени активностите кои ќе бидат преземани во наредниот период. Поддржувајќи ги веќе утврдените барања за линеарно зголемување на пензиите во износ од 3.500 денари и определување минимална пензија од 300 евра, членовите на иницијативниот одбор договорија:
На 25 август, петок, во 9.часот, сите пензионери да се соберат пред летната сцена кај ЦК „Бели Мугри“, каде ќе се одржи протестен собир.
На собирот, преку разглас, на пензионерите ќе им се обратат членови на ИО, при што ќе бидат соопштени претстојните активности, се до одржување на Генералниот протест закажан за 20.септември.
Потоа, пензионерите со транспаренти, организирано ќе се упатат кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде ќе заврши протестот.
Членовите на ИО апелираат протестите да се одвиваат достоинствено, како што тоа секогаш го прават пензионерите, и да не наседнуваат на евентуални провокации или поединечни испади.
Иницијативен одбор на пензионери – Кочани