Соопштение од Koмисијата за здравство при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кочани

vmrostab

Почитуван “Стручен колегиум на Општа болница со проширена дејност – Кочани”

Да ве потсетиме дека во “минатото” кое толку ве боли и го критикувате, советник на Министерот за здравство беше токму Венко Филипче. Одговори за сите забелешки околу раководењето со Општата болница побарајте од него. Филипче успешно го менаџираше здравството заедно со според сегашната власт – најуспешниот министер – Никола Тодоров, за кого се нема апсолутно никаква забелешка на работата !
Затоа, престанете со дволичноста и да се криете зад Стручниот колегиум.
Во врска со уредувањето, бидете искрени и признајте дека група граѓани, невладини здруженија, се организираат за уредување и опремување на одделенијата во болницата.Вие како ,,менаџер” со прст немате мрднато за Болницата.
Приватниот сектор постојано донираше заштитна опрема и основни материјали во најголемиот пик кога вработените сите сами си купуваа опрема и потреби за работа на болницата. Странски амбасади, организации донираат медицински уреди кои стојат под клуч бидејќи или никој не знае како да ги вклучи, или тоа ќе им отвори дополнителна работа на дел од стручниот кадар, па подобро да не се пуштат во функција. А да потсетиме, дека со дел од нив веќе парадиравте и се сликавте при некоја од посетите на Министерот за здравство Филипче, за да повторно ги ставите под клуч.
Бидете “стручни” во здравството, како што се нарекувате во Соопштението, а не стручни во политиката. Само тогаш ќе го видите незадоволството на граѓаните од функционирањето на болницата, нејзиното менаџирање, хигиенски услови и капацитети.
Поставувањето на модуларната болница по подговотка од половина година, период во кој Кочани брои огормен број на заболени од КОВИД-19, а секојдневно расне бројот на починати, не покажува дека ќе биде решение доколку не се менаџира со здравството како досега.
Република Македонија, за жал, останува лидер по бројот на починати по жител и во последните 5 земји во светот по број на вакцинирани граѓани. Финансиските и кадровските скандали нема да ги покриете со соопштенија, и навраќање на некои времиња. Народот гледа и оваа глетка не му се допаѓа.

Со почит,
Koмисија за здравство при ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: