Вашиот срам останува за навек!
Почитувани сограѓани,
Политичките настани од седмицата што изминува докажаа дека нашите тези од изборната кампања за криминалното и профитерско владеење на ДМПНЕ се потврдуваат и од нивните сопартијци. Логично продолжение на груевизмот е и Миле Лефков. Тој е дел од кадрите што треба да си одат од ДПМНЕ, а не допрва да јадат леб од граѓаните што ги крадеа.
Накратко да ве потсетиме на дел од повиците за нивно заминување.
1. Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку подобро за државата. Немате капацитет да се справите со искрените критики.
2. Вие стоите зад најлошите изборни резултати во историјата на партијата.
3. Сѐ помалку граѓани ви веруваат. Со политиките кои ги водевте и со неискрениот пристап, не успеавте да обезбедите поддршка од граѓаните.
Миле Лефков не само што треба да си замине, туку треба да го врати мандатот. За вас, Лефков, нема место во Собранието. Граѓаните знаат дека за да стигнете до таа позиција газевте преку живи луѓе.
1. Маскиран, зад лажни имиња и портали како Маларија, Кукузел, Кочани мој град, навредувавте и уништувавте поединци и семејства.
2. Вашата алчност да грабате од државата се потврдува со неизмирени даночни долгови. Зошто обичниот граѓанин да плаќа даноци, а вие НЕ?
3. Вие сте учесник во милионскиот грабеж од образованието – преку превозот на ученици.
Токму од тие причини немате кредибилитет да бидете легитимен претставник на граѓаните во кои не гледате ништу друго освен траен извор за ваше богатење.
Затоа Миле Лефков мора да престане да ја срами партијата и итно со целото партиско раководство да поднесе оставка.
Граѓаните не сакаат да плаќаат парламентарец што плука по нив, лице кое отворено ги мрази и ги краде!
Заминете што поскоро од политичката сцена. Не ви е местото ни на чело на партискиот огранок, ни во државните и јавните институции, а најмалку во законодавниот дом!
Вистина е: Срамот не се брише за еден ден, месец, година…
Вашиот срам останува за навек!
ОО на СДСМ – Кочани